Мајсторите на кириличниот рокенрол. Ако си бил или си слушнал за новогодишните или роденденските прослави во Русти – тогаш си слушнал и за нив. Одлична енергија и сет кој ќе ве натера да пеете со нив во еден глас. Мартин и Биљана на вокал, Љупчо на гитара, Даре на бас и Дамјан на тапани се рецепт за одлична журка.