Покрај сите промени низ годините – Русти секогаш ќе се заснова на принципте кои се поставени уште долго пред нејзиното официјално отворање во 2006 – секогаш најсвежите можни состојки за вашиот оброк, секогаш избор на најдобрите пијалоци на пазарот, секогаш насмеани лица кои ве прават да се чувствувате како дома, секогаш одлична музика која го прави амбиентот препознатлив.
Иако знаеме дека е клише – сепак е вистина. Нашиот тим е нашето семејство без кое не можеме. Низ годините имало многу луѓе кои доаѓале и си оделе. Некои добри, некои не баш – но, тие што останале се ФЕНОМЕНАЛНИ! Тоа се луѓето кои се грижат секој ваш оброк да биде со истиот вкус и квалитет како и претходниот, а како и следниот пат кога ќе дојдете. Тоа се дечките и девојките кои ги гледате секој ден насмеани како ви ги носат вашите омилени пијачки и со голем дел од вас се пријатели или другари. Екипо, длабок наклон и огромно фала што сте незаменлив дел од ова лудо возење