Долги години сте доаѓале во Рустикана и не знаете што да очекувате од менито во Roosty, или можеби прв пат дозна за нас преку сите споделени сториња на твоите френдови на инста? Како и да е, ова се нашите 5 препораки кои не смееш да ги пропуштиш од менито за храна во Roosty 👇

  1. Сирење во кора – парче сирење со ладна жолта е основа на секоја мезе нарачка во кафана во Македонија. Ние тргнавме од традицијата и решивме да и дадеме мал медитерански твист – сирењето го ставивме во кора, го потпековме, а на крај го преливме со домашен мед и црн сусам. Доволно солено за ракија, доволно слатко и комплексно за бело вино. 
  2. The New Yorker – ако си бил гостин во старата Рустикана – не треба многу да ти објаснуваме за вкусот на ова наше ремек дело за кое имаме добиено награда за најдобар бургер во Скопје. Сепак имаме и за тебе една добра вест – New Yorker-от, како и сите други бургери на менито, си добија соодветно зголемување. Од сега бургерите во Roosty се со 180 грамски плескавици од чисто јунешко месо и стануваат вистински предизвик дури и за најгладните. Ако ти што го читаш ова, не си го пробал до сега и се прашуваш што е толку специјално во овој бургер, мораш да го пробаш што поскоро – врвно јунешко мелено месо испечено до перфекција, карамелизиран кромид подготвуван со бурбон, растопени чедар и гауда за кремаст вкус, нашиот препознатлив домашен пикантен сос и кисели краставички за киселкаст баланс.
  3. The Heartbreaker – во едно друго време (пред Ковид) тимот на Русти имаше еден проект што се викаше – Brown Sugar Bar. Signature коктели и правоаголни пици беа главните ѕвезди на менито таму. Познато ти е? Епа, пиците (а богами и коктелите) од Шугар си најдоа нов дом во Roosty. Една од нашите омилени пици таму (во тоа време под некое друго име) беше токму The Heartbreaker – италијанско тесто со 00 тип на брашно, доматен сос, топена гауда и сино сирење, свински врат, домат, босилок и лук. Сериозна пица за сериозни гурмани. Што ќе препорачаме за пијачка? Иако оди добро со се од нашиот бар – сепак ладна Палома на топла скопска вечер е 10/10
  4. Свинско филе – во тесна трка за топ 5 препораките, му даваме предност на нашето свинско филе во однос на другите главни јадења, иако можеби е малку неправедно да издвоиме било кое. Овој наш Chef’s Pick почнува со премиум свежо свинско месо од локално потекло кое го набавуваме дневно. Откако нашиот Шеф Оли ќе го среди ова прекрасно парче месо, тоа оди во топла Sous Vide бања каде се готви до перфектна температура. Финишот пред да го сервираме во твојата чинија е во нашата Pira печка на жар, каде месото го добива својот карактер. Прелиено со димен путер и конфитирани шери домати за конечната верзија која се топи во уста. Сериозно се топи во уста, не претеруваме.
  5. Чоколадна брауни торта со ф’стак – листата не би била комплетна ако не вклучиме нешто слатко за крај. Чоколадната брауни торта прелиена со крем од фстаци и наросена со кршени фстаци е толку добра што еден член на нашиот тим кого не би сакале да го именуваме сега, кога ја пробавме прв пат на тест готвење си зема неколку парчиња за дома и си ги изеде за појадок следниот ден (не би препорачале јадење торта за појадок во никој случај) 😂

Те чекаме да ги пробаш и да ни дадеш искрен фидбек. Менито во Roosty не ни е исклесано во камен – ќе го менуваме сезонски и ќе се трудиме да биде возбудливо и свежо и за вас и за нас.