Рок Кафана Рустикана долги години беше место каде покрај тоа што гостите имаат можност да уживаат во жива музика, и кавер бендовите имаа сцена плус каде можеа да ги отсвират своите сетови. Бендовите и музиката која ја свират се едно обележје на градот и сме екстремно горди што даваме каков – таков придонес во одржување на оваа сцена во живот низ овие “турбулентни” времиња (со акцент на турбо😂)
Кога ја креиравме Roosty – еден од првите точки на кои посветивме внимание е бината. Сакавме да имаме вистинска, сериозна бина со соодветно озвучување и осветлување за живи свирки и сметаме дека во тоа успеавме. Roosty сега има бина која може да ги пречека сите мали и повеќето големи бендови во Скопје и Македонија.
А, кој би бил поголем и посоодветен бенд да го направи првиот концерт во Roosty ако не се тоа нашите банда инструментале – СУПЕРХИКС?
Не би трошеле зборови да ги најавиме дечките кои преку 30 години креираат хитови, не забавуваат и се еден од најоргиналните, ако не и најоргинален мекедонски бенд, а и бренд. Со огромна чест и задоволство ви ги најавуваме и ве каниме на целовечерен концерт на Суперхикс во Roosty на 18.09.2025 од 20:00 часот.
Карти можете да си набавите во Roosty, а за сите информации најдобро е да не контактирате преку социјалните мрежи или на нашиот телефон 075 478 134