Отворање на новата Roosty Skopje – ресторан, бар и рокенрол прибежиште во срцето на Скопје

Кога се отвори малото кафанче на “Рекорд” во сега веќе далечната 2006та никој од нас не ни сонуваше дека она што се случи на 18.06.2025 би можело да стане реалност. Никој не се осудуваше да помисли дека еден дел малата “Рустикана” ќе порасне во еден ваков објект. Меѓутоа низ годините, сите вие ни кажувавте дека треба да сонуваме, а ние кога – тогаш почнавме да ве слушаме и почнавме да планираме. Затоа години подоцна, еве сме – во овој прекрасен, нов дом на нашата Русти.

Патот до тука беше полн со предизвици, непроспиени ноќи и многу напорна работа. Но, кога се има поддршка каква што имавме ние од нашите најблиски – ништо не е невозможно. Затоа засекогаш ќе им бидеме благодарни ❤️

На 18.06.2025 свечено ги отворивме вратите на новата Roosty. Исполнета со луѓето кои ги сакаме, звуците на гитарите кои не тераат да шизиме и мирисот на храната која не прави толку препознатливи низ сите овие години – се чуствувавме како оваа Русти да била тука отсекогаш. In The Mood отворија, Bandoff продолжија, а Audioskopje ја затворија оваа магична вечер и од срце им благодариме за сите изминати години на нашата “бина” и за сите години и журки кои допрва ќе ги поминуваме заедно со сите други наши бендови.

Новата Roosty не би била тука, да не беа старите две – и таа на “Рекорд” и таа на “Илинденска”. Менито и за храна и за пијачки е слика на тоа патешевствие – од домашните ќебапчиња со ладен штуц или свежа салата со по една жолта, преку наградите за најдобар бургер во Скопје и најдобар ресторан во Скопје, до signature пици и коктели заедно со специјалитетите од кујна подготвени со најсовремена опрема и готварски техники на нашиот готвачки тим.

За тие што уште не сте ни дошле на гости – Roosty Скопје се наоѓа на бул. Партизански Одреди бр.89 – веднаш до средното училиште Здравко Цветковски “ГУЦ” и спроти бензинската на Макпетрол. Имаме 20тина паркинг места (кои навечер брзо се пополнуваат), отворена и пространа летна тераса, детско игралиште на отворено, а наскоро го планираме отворањето и на детската игротека Русти Кидс.

За дождот што беше соодветен придружник на нашето отворање, старите ќе речат – носи бериќет. Со напорна работа, свежи идеи и искрени срца ќе се потрудиме Roosty да биде бериќетна за сите!