uioasdbcasy, Author at Roosty

🚨NEW MENU ALERT: Winter is coming!

Во Русти не веруваме во фиксно мени. Веруваме во секогаш свежи и локални состојки и рецепти кои одговараат на сезоната.

Затоа менито за сезона есен/зима во Русти нема пластични домати и блуткави тиквички – туку има поткиселени зеленчуци, бавно динстани меса со карактер и десерти кои потсеќаат на неделно утро кај баба дома.



Не би откривале премногу, но штета би било да не знаете за нашата поркета – The Rocketta: ролувано свинско месо, полнето со сланина, сушена пиперка и лук, послужена со топка кајмак, печен бејби компир и динстана црвена зелка со зимски зачини…или новите телешки ребра – The Showstopper – најпрво подготвени во sous vide бања, па пропржени на путер со рузмарин и лукче. Бавно динстаниот јунешки мускул со печурки – The Slow Beef е ремек дело, а за сите кои сакаат малку полесни јадења, го имаат The Chimi Chicken – обезкостен пилешки батак – прво во sous vide бања, па на жар и на крај полиен со свеж и домашен чимичури сос.

Кога веќе ги спомнавме локалните и сезонски рецепти и состојки – сезоната на тиква не значи само потпечена тиква со мед и ореви со вашето попладневно кафе. Шеф Оли ги поместува границите секој ден – па и сега: Pumpkin Paradise е салата со рукола и спанаќ за зелен и здрав тон, печена тиква и ореви за сезоналитет, а козјо сирење и балсамико крема за умами вкус. Ако очекуваше да најдеш тиква во салатите во Русти – сигурно наредниот рецепт ќе те изненади: The Pumpkin Prosciutto Pizza – рикота, сино сирење, гауда, пршута, рукола и секако – печена тиква и ореви. Кога сме веќе кај тестото – веќе имавте неколку кратки прилики да ги запознаете нашите Pizza Rolls на четврточките аперитиво забави – три вкуса: Chicken Pesto со пилешко, песто и топен кашкавал, Truffle со варена шунка, крема од тартуфи и топен кашкавал или Vege со песто калабрезе, модри патлиџани и топен кашкавал. Зима не би била зима без пастрмајлија – па решивме на нашите пици да им дадеме локален твист и ги создадовме нашите Roosty пастрмајлии – свинска со маринирано свинско месо, топен кашкавал и сушено месо или пилешка со мариниран батак и топен кашкавал.
На слатката страна на менито го вративме колачот со јаболка од Октоберфест, бидејќи беше едноставно предобар и не ни се чекаше цела година до наредниот пат кога ќе го пробаме. Да се вратиме на сезоната на тиква – колач од тиква е нешто што мораш да го пробаш (ако ти остане место за десерт)

Секако, ова не е сè што е ново на менито за оваа зима. Оставивме простор за изненадување за следното видување 😉

Ти се пријаде така? Кликни тука за да резервираш масичка брзо и лесно 😎

СУПЕРХИКС први ќе одржат свој концерт во Roosty

Рок Кафана Рустикана долги години беше место каде покрај тоа што гостите имаат можност да уживаат во жива музика, и кавер бендовите имаа сцена плус каде можеа да ги отсвират своите сетови. Бендовите и музиката која ја свират се едно обележје на градот и сме екстремно горди што даваме каков – таков придонес во одржување на оваа сцена во живот низ овие “турбулентни” времиња (со акцент на турбо😂)

Кога ја креиравме Roosty – еден од првите точки на кои посветивме внимание е бината. Сакавме да имаме вистинска, сериозна бина со соодветно озвучување и осветлување за живи свирки и сметаме дека во тоа успеавме. Roosty сега има бина која може да ги пречека сите мали и повеќето големи бендови во Скопје и Македонија. 

А, кој би бил поголем и посоодветен бенд да го направи првиот концерт во Roosty ако не се тоа нашите банда инструментале – СУПЕРХИКС?
Не би трошеле зборови да ги најавиме дечките кои преку 30 години креираат хитови, не забавуваат и се еден од најоргиналните, ако не и најоргинален мекедонски бенд, а и бренд. Со огромна чест и задоволство ви ги најавуваме и ве каниме на целовечерен концерт на Суперхикс во Roosty на 18.09.2025 од 20:00 часот.

Карти можете да си набавите во Roosty, а за сите информации најдобро е да не контактирате преку социјалните мрежи или на нашиот телефон 075 478 134

5 работи од менито кои не смееш да ги пропуштиш во Roosty

Долги години сте доаѓале во Рустикана и не знаете што да очекувате од менито во Roosty, или можеби прв пат дозна за нас преку сите споделени сториња на твоите френдови на инста? Како и да е, ова се нашите 5 препораки кои не смееш да ги пропуштиш од менито за храна во Roosty 👇

  1. Сирење во кора – парче сирење со ладна жолта е основа на секоја мезе нарачка во кафана во Македонија. Ние тргнавме од традицијата и решивме да и дадеме мал медитерански твист – сирењето го ставивме во кора, го потпековме, а на крај го преливме со домашен мед и црн сусам. Доволно солено за ракија, доволно слатко и комплексно за бело вино. 
  2. The New Yorker – ако си бил гостин во старата Рустикана – не треба многу да ти објаснуваме за вкусот на ова наше ремек дело за кое имаме добиено награда за најдобар бургер во Скопје. Сепак имаме и за тебе една добра вест – New Yorker-от, како и сите други бургери на менито, си добија соодветно зголемување. Од сега бургерите во Roosty се со 180 грамски плескавици од чисто јунешко месо и стануваат вистински предизвик дури и за најгладните. Ако ти што го читаш ова, не си го пробал до сега и се прашуваш што е толку специјално во овој бургер, мораш да го пробаш што поскоро – врвно јунешко мелено месо испечено до перфекција, карамелизиран кромид подготвуван со бурбон, растопени чедар и гауда за кремаст вкус, нашиот препознатлив домашен пикантен сос и кисели краставички за киселкаст баланс.
  3. The Heartbreaker – во едно друго време (пред Ковид) тимот на Русти имаше еден проект што се викаше – Brown Sugar Bar. Signature коктели и правоаголни пици беа главните ѕвезди на менито таму. Познато ти е? Епа, пиците (а богами и коктелите) од Шугар си најдоа нов дом во Roosty. Една од нашите омилени пици таму (во тоа време под некое друго име) беше токму The Heartbreaker – италијанско тесто со 00 тип на брашно, доматен сос, топена гауда и сино сирење, свински врат, домат, босилок и лук. Сериозна пица за сериозни гурмани. Што ќе препорачаме за пијачка? Иако оди добро со се од нашиот бар – сепак ладна Палома на топла скопска вечер е 10/10
  4. Свинско филе – во тесна трка за топ 5 препораките, му даваме предност на нашето свинско филе во однос на другите главни јадења, иако можеби е малку неправедно да издвоиме било кое. Овој наш Chef’s Pick почнува со премиум свежо свинско месо од локално потекло кое го набавуваме дневно. Откако нашиот Шеф Оли ќе го среди ова прекрасно парче месо, тоа оди во топла Sous Vide бања каде се готви до перфектна температура. Финишот пред да го сервираме во твојата чинија е во нашата Pira печка на жар, каде месото го добива својот карактер. Прелиено со димен путер и конфитирани шери домати за конечната верзија која се топи во уста. Сериозно се топи во уста, не претеруваме.
  5. Чоколадна брауни торта со ф’стак – листата не би била комплетна ако не вклучиме нешто слатко за крај. Чоколадната брауни торта прелиена со крем од фстаци и наросена со кршени фстаци е толку добра што еден член на нашиот тим кого не би сакале да го именуваме сега, кога ја пробавме прв пат на тест готвење си зема неколку парчиња за дома и си ги изеде за појадок следниот ден (не би препорачале јадење торта за појадок во никој случај) 😂

Те чекаме да ги пробаш и да ни дадеш искрен фидбек. Менито во Roosty не ни е исклесано во камен – ќе го менуваме сезонски и ќе се трудиме да биде возбудливо и свежо и за вас и за нас.

Is this the real life? Is this just fantasy? 

Отворање на новата Roosty Skopje – ресторан, бар и рокенрол прибежиште во срцето на Скопје

Кога се отвори малото кафанче на “Рекорд” во сега веќе далечната 2006та никој од нас не ни сонуваше дека она што се случи на 18.06.2025 би можело да стане реалност. Никој не се осудуваше да помисли дека еден дел малата “Рустикана” ќе порасне во еден ваков објект. Меѓутоа низ годините, сите вие ни кажувавте дека треба да сонуваме, а ние кога – тогаш почнавме да ве слушаме и почнавме да планираме. Затоа години подоцна, еве сме – во овој прекрасен, нов дом на нашата Русти.

Патот до тука беше полн со предизвици, непроспиени ноќи и многу напорна работа. Но, кога се има поддршка каква што имавме ние од нашите најблиски – ништо не е невозможно. Затоа засекогаш ќе им бидеме благодарни ❤️

На 18.06.2025 свечено ги отворивме вратите на новата Roosty. Исполнета со луѓето кои ги сакаме, звуците на гитарите кои не тераат да шизиме и мирисот на храната која не прави толку препознатливи низ сите овие години – се чуствувавме како оваа Русти да била тука отсекогаш. In The Mood отворија, Bandoff продолжија, а Audioskopje ја затворија оваа магична вечер и од срце им благодариме за сите изминати години на нашата “бина” и за сите години и журки кои допрва ќе ги поминуваме заедно со сите други наши бендови.

Новата Roosty не би била тука, да не беа старите две – и таа на “Рекорд” и таа на “Илинденска”. Менито и за храна и за пијачки е слика на тоа патешевствие – од домашните ќебапчиња со ладен штуц или свежа салата со по една жолта, преку наградите за најдобар бургер во Скопје и најдобар ресторан во Скопје, до signature пици и коктели заедно со специјалитетите од кујна подготвени со најсовремена опрема и готварски техники на нашиот готвачки тим.

За тие што уште не сте ни дошле на гости – Roosty Скопје се наоѓа на бул. Партизански Одреди бр.89 – веднаш до средното училиште Здравко Цветковски “ГУЦ” и спроти бензинската на Макпетрол. Имаме 20тина паркинг места (кои навечер брзо се пополнуваат), отворена и пространа летна тераса, детско игралиште на отворено, а наскоро го планираме отворањето и на детската игротека Русти Кидс.

За дождот што беше соодветен придружник на нашето отворање, старите ќе речат – носи бериќет. Со напорна работа, свежи идеи и искрени срца ќе се потрудиме Roosty да биде бериќетна за сите!

Резервирај